(ВИДЕО) Марк Цукерберг побара Европа да ги регулира социјалните мрежи

Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите, како неговата, да одлучуваат што се смета за легитимен слободен говор.

Милијардерот, кој вчера одржа говор на Минхенската конференција за безбедност, треба утре да се сретне со членови на Европската Комисија.

Според него, регулаторни граници ќе овозможат граѓаните да имаат доверба дека технолошките гиганти ги следат правилата за кои сите имаат согласност и дека корисниците не сакаат приватни компании да носат одлуки за тоа како да се регулираат социјалните медиуми, без демократски процес.

„Верувам дека нашата одговорност е да изградиме оперативна сила за да спроведуваме политики, да се бориме со попречувања и да имаме добри контролни механизми. Но, владите треба да ни обезбедат повеќе насоки и регулација, за политичкото рекламирање, или пак каков дискурс треба да се дозволи во исцртување на границата меѓу штетното изразување и слободата“, рекол Цукерберг, пренесува Еуроњуз.

Цукерберг признал дека веројатно не би се согласил со секој вид регулација, но процесот требало да овозможи доверба и подобра интернет регулација. Тој истовремено додаде дека е загрижен што земјите како Кина воведуваат „авторитарни вредности“ во регулирањето на интернетот.

фото: CNBC.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *