Софија Лорен по 11 години пак снима филм

Италијанската филмска икона Софија Лорен по 11 години глуми во филм. „Нетфликс“ објави дека ги откупил правата за филмот „The Life Ahead“, во режија на Едоардо Понти, синот на Лорен и легендарниот продуцент Карло Понти.

Филмот ќе излезе подоцна годинава и е адаптација на бестселерот „Животот пред нас“ на Ромен Гари.

„Во приморска Италија, госпоѓа Роса, која го преживеала Холокаустот, има мал бизнис и го згрижува 12-годишниот Момо, кој неодамна ја ограбил. Двајцата се осамени и стануваат заштитници еден на друг“, открива сценариото.

„Големо е задоволството што ќе работам со ‘Нетфликс’ на олку специјален филм. Во мојата кариера работев со најголемите студија, но можам со сигурност да кажам дека никој не бил толку отворен за културните различности како ‘Нетфликс’ и тоа е она што го ценам кај нив. Тие сфатиле дека не можеш да изградиш светско студио доколку не го искористиш локалниот талент во една земја“, изјави легендарната 86-годишна актерка.

фото: Mondo.me

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *