Facebook ќе им плаќа на корисниците за гласовни снимки

Компанијата Facebook објави дека на своите корисници ќе им плаќа за нивните гласовни снимки, кои компанијата ќе ги користи за унапредување на својот систем за гласовно пребарување. Се разбира, ова нема да се однесува на сите корисници кои снимаат гласовни пораки, туку само за оние чии снимки ќе бидат користени.

Facebook молчеше за користењето на снимките во истражувачки цели.

Потегот за плаќање на корисниците за користење на нивните снимки доаѓа по откривањата дека Facebook, Amazon, Apple, Google и Microsoft користеле гласовни записи за своите корисници за да го подобрат системот на гласовно пребарување без нивно знаење. Така, Facebook ќе им овозможи на своите корисници како дел од новата програма наречена „Pronunciations“ да го снимаат својот глас.

Во рамките на оваа програма, корисниците ќе можат да ја снимат фразата „Hi portal“, како и имињата на пријателите од листата.

Корисниците ќе можат да снимаат вкупно 10 имиња на пријатели, и тоа ќе мора да го направат два пати. Вкупно за ова ќе добијат 200 поени во апликацијата Viewpoints, но корисниците не можат да ги искористат сè додека не заработат 1.000 поени.

Од Facebook велат дека може да понудат најмногу пет сетови за снимање, така што постои можност да се исполнат 1.000 поени и заработка од 5 долари преку PayPal.

фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *