(ВИДЕО) Aлармaнтнa е состојбата со Преспанското езеро, се отвори пoнорот „Казан“

Вистинска еколошка катастрофа се случува во Преспанското езеро, откако дното на езерото во својата најдлабока точка пресуши. Инфомакс објави снимката за која пишуваат дека им ја испратил читател во Мала Преспа, каде и што се наоѓа месноста „Казан“, ја покажува сериозноста и алармантноста на ситуацијата.

Понорот „Казан“ е место каде што Преспанското езеро се одлева, а оттаму под Галичица се влева во Охридското езеро. Во нормални услови овој понор би бил од 50 до 70 метри под вода. Впрочем, оваа точка во Преспанското езеро е и најдлабоката точка. На снимката, јасно се гледа понорот и дното на езерото во својата најдлабока точка, објави Инфомакс. 

Текстот во целост на: Инфомакс.мк

фото: Инфомакс.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *