Хрватски научник израчуна колкава е веројатноста да заболите од коронавирусот

Хрватскиот научник Игор Штагљар, специјализиран на подрачјето на молекуларна биологија, на многу едноставен начин преку статистика се обидува да ја смири паниката во врска со коронавирусот. Тој докажува колку се мали шансите да заболете од коронавирусот, а уште побитно – да починете од него, пренесува „РТЛ Хрватска“.

-Светската здравствена организација објави дека постојат 79.300 заразени со коронавирус. Од тие мнозинството, или 77.000 се во Кина, од кои повеќето во Вухан. Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека од 77.000 заразени сите се во Вухан. Значи 0,7 отсто од жителите на Вухан се заразени, а 99,3 отсто од жителите на тој град немаат вирус. Зборувам за градот од каде почна епидемијата, наведува Штагљар.

Штагљар појаснува дека токму тие 0,7 отсто се клучна ставка, затоа што на неа одат процентите на смртност.

-Ако имате 85 години, имате 0,7 отсто шанси воопшто да го фатите вирусот, па ако го фатите имате уште 14,8 проценти шанси да починете од него, односно вкупно 0,103 проценти шанси да починете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да починете од тој вирус е дури 99,897 проценти! За еден 45-годишник тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028 проценти дека вирусот ќе го убие, а 99,9972 дека нема. За еден 35-годишник веројатноста дека ќе почине од вирусот е 0,0014 отсто, а дека нема е 99,9986 проценти. Тоа е 0,7 отсто дека ќе го добиете и 0,2 проценти да починете од него, ако сте под 40 години старост, изјави Штагљар.

фото: Dunav.at

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *