Лекарот на Путин: Колку вода да пиете, што да се исфрли од домот, кога да е последниот оброк ….

Академик Богдан Владимирович Городиски е претседател на научниот институт при администрацијата на рускиот претседате, неколкупати е одликуван со највисоките признанија во Русија, член е на Руската и Европската академина на природни науки. Городиски кој е член на медицинскиот тим на рускиот претседател Владимир Путин, неодмна имаше предавање за имунитетот и причините за болестите во Суботица, Србија, објави Република. мк.

Последиците од падот на имунитетот носат околу 3.000 болести, а хроничниот стрес и влијанието на електромагнетните полиња од современото опкружување се најчестите причини, рече доктор Городиски.

Додал дека за силен и здрав организам неопходно е да се пијат по 30 милилитри вода за секој килограм од тежината. Последниот оброк треба да е околу 19 часот, а микробрановата печка треба веднаш да се исфрли од домот.

Според докторот, физичкото и менталното здравје се нераскинливо поврзани.

Медицината на 21 век е пред голем предизвик, бидејќи постоечките методи не можат да го решат проблемот со дегенерација на ќелиите и забрзаното стареење на организмот. Потребно е да користиме методи кои тој процес ќе го претворат во прецес на регенерација и обнова на организмот, порача докторот.

Овој имунолог со светско реноме порача дека тајната на доброто здравје е во едноставните навики, како правилно дишење, пиење на доволно вода, умерена и здрава исхрана, шетање, пливање, ведри и позитивни мисли.

Текстот во целост на: Република.мк

фото: Novosti.rs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *