Том Круз и екипата од „Невозможна мисија“ во карантин поради коронавирусот

Холивудскиот актер Том Круз (57) и екипата од снимањето на филмот „Невозможна мисија“ во Венеција, се ставени во карантин поради коронавирусот што се шири низ Италија, пренесува „Ерусалим пост“, повикувајќи се на британскиот актер Симон Пег.

Се вели дека Том Круз пристигнал во Венеција на 20. февруари за да го снима седмото продолжение на „Невозможна мисија“. Снимањето било откажано и пред доаѓањето на Том Круз во Италија, па се поставува прашањето дали и тој е во изолација во луксузниот хотел.

фото: курир.рс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *