Ана Дурловски триумфираше на женевската сцена

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски. Уште поголемо би било задоволството да можевме сите да ја слушнеме нејзината изведба на Marguerite de Valois во операта “Хугените” („Les Huguenots“)  на германскиот композитор Giacomо Meyerbeer. Таа привилегија ја имаа само околу 1000 посетители на Grand Theatre de Geneve, бидејќи швајцарските власти превентивно, поади опасноста од корона вирусот, забранија собири на повеќе од 1000 луѓе. Критичарите во суперлативи ја опишаа нејзината интерпретација. Велат “Ни металниот призвук во гласот, ни нерафинираниот француски нагласок не ја намалија вредноста на нејзината цврста и сигурна песна. Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна, поготово кога великодушно се вдаде во одигрувањето на забавната сцена на заведување на Раул,толкуван од Американецот John Osborn.”

Свесни дека денес операта “Хугените”  (“Протестанти”) не е возможно да се претстави во оригиналниот облик, режисерите Jossi Vieler и Sergio Morabito одлучиле љубовната приказна помеѓу протестанти и католици, толку испреплетена со историскиот контекст на Meierbeer-овата опера да ја освежат со сместување на дејствието во филмско студио во златното време на Холивуд. Да отидат толку далеку што со многу хумор кој ќе ги олесни трагичните историски моменти во кои се збива дејствието ќе го опуштаат гледачот. За финалето испланирале бурлеска меѓу кралицата Marguerite de Valois (Ана Дурловски) и Raoul Huguenot, што од сите беше опишано како сјаен сценски момент.

За крај, главниот збор повторно го даваме на швајцарсите критичари. Тие велат дека John Osborn, Rachel Villis-Sørensen и Ана Дурловски триумфираа во своите главни улоги, под визионерската музичка режија на Marc Minkovski.

фото: Музика музика 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *