(ФОТО) Босанец ја запроси девојката со кран на четврти спрат и оркестар

Босанец од Зеница ја запросил својата девојка, а самиот чин на запросување ниту таа ниту нејзините соседи нема да го заборават.

Момчето ја повикало девојката до прозорецот за да ја побара, а бидејќи прозорецот на нејзината соба е на четвртиот спрат, изнајмил кран со корпа.

Покрај кранот, момчето ангажирало и свирачи на тамбура кои му се придружиле во корпата на кранот и ја свиреле омилената песна под нејзиниот прозорец.

Воодушевената девојка рекла „да“, а фотографиите од запросувањето ги преплавија социјалните мрежи, а потоа и медиумите во Босна и Херцеговина.

Фото: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *