Гардијан: Кањонот „Матка“ меѓу десетте најубави европски кањони

Кањон Матка e кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми.  Тоа се десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.

По долината на реката Треска има таинствен свет со прекрасни пештери, високи карпи, големо богатство на дабови и букови шуми, белоглави орли и ретки животински видови. На локалитетот Матка се откриени два нови видови на вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањон Матка се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.

Во Матка има десетина пештери со должина од 20 до 177 метри и две провалии со длабочина до 35 метри, а најпознати се пештерите Врело, Кршена и Убава кои имаат слична должина. Пештерите се полни со сталагмити, столбови и сталактити. Кањонот на реката Треска е најважниот искачувачки центар во северниот дел на Македонија и главните искачувања започнуваат на пролет кога доаѓаат посетители од цела Европа. Сезоната продолжува во текот на летото и есента до ноември, кањонот на реката Треска е отворен и за кајакарство.

Кањонот Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кањони.

фото: macedonia-timeless.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *