Клинтон и се извини на Левински

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, во документарецот „Хилари“ истакнал дека кога ја запознал Моника Левински бил под голем стрес поради работата и дека аферата со неа му помогнала да се носи со проблемите и да ги оттргне мислите од нив.

Клинтон првпат јавно ѝ се извини на Левински. Тој вели дека жали што таа станала позната во светот по нивната врска.

Во документарецот Клинтон раскажува како во 1998 година морал сѐ да ѝ раскаже на својата сопруга Хилари, по што следувало долго брачно советување.

– Седев на креветот и разговарав со неа. Ѝ кажав сѐ што се случило и како се случило. Ѝ реков дека се чувствувам грозно, поминавме многу работи последните неколку години. Немав објаснување, а тоа што го направив не е за простување – вели Бил.

фото: Telegraf

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *