Најголемиот дел од жените работат за плата од 16.000 до 20.000 денари

Плата од 12.000 до 20.000 е прифатлива за повеќе од половина жени во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика објавени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, покажуваат дека за најголемиот дел од жените 34,7 проценти прифатлива плата е од 16.000 до 20.000 денари, за 32,3 осто од 12.001 до 16.000 денари, за 21,7 отсто е од 20.000 до 30.000 денари. За плата до 8.000 денари би работеле само еден отсто, за плата од 30.000 до 40.000 денари 1,7 отсто и 0,3 отсто од жените би прифатиле работа за месечна плата која изнесува над 40.000 денари, објави слободен печат.мк.

Според возраста, вработени жени од 15 до 19 години се 1379, од 20 до 24 години 14652, од 25 до 29 години 33806, од 30 до 34 години 44162, од 35 до 39 се 47890, од 40 до 44 години се вработени 45733, од 45 до 49 години 36739, од 50 до 54 години 34189, од 55 до 59 се 26579, од 60 до 64 години 11718 и над 65 години се вработени 3701 жена во земјава.

фото: fb

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *