10 совети од успешни жени, еден од нив: „Наместо да ги бришеш солзите од очите, избриши ги оние луѓе од животот кои те натерале да плачеш“, еве ги другите ….

10 нови женски заповеди кои се водач за успех на многу жени.

 1. Никогаш не се расправај со будала. Тој ќе те спушти на неговото ниво, а потоа ќе те победи со искуството.

 2. Никогаш не мавај по друг човек со кал. Калта можеби нема да стигне до него, но ќе остане на твоите раце.

 3. Не им се јавувај на оние кои не ти се јавуваат и не чекај ги оние коишто не те чекаат тебе.

4. Доколку ти речат дека „ти поминал возот“, запамети дека постојат и авиони и бродови.

5. Запамети: добрите работи започнуваат да се случуваат кога ќе се оддалечиш од негативните луѓе.

 6. Наместо да ги бришеш солзите од очите, избриши ги оние луѓе од животот кои те натерале да плачеш. Не дозволувај постапките на другите да го нарушат твојот внатрешен мир.

7. Никогаш не се сомневај во сопствената привлечност. Запамети: вагата лаже, луѓето завидуваат, а огледалото е искривено.

8. Никогаш немој да се вртиш кон минатото – таму е сè исто, без промени.

 9. Никогаш не се споредувај со другите, не споредувај го своето здравје, мажот, платата и децата.

10. Доколку на својот пат не сретнеш некој еднаков на тебе или подобар, подобро продолжи сама. Нема пријателство со будали.

фото: Freepik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *