Во Словенија пронајдени остатоци од метеор што експлодира пред 10 дена

Во селото Прешна кај Ново Место во Словенија пронајдени се остатоци од метеор што експлодирал над Хрватска и Словенија пред десетина дена.

Деловите од метеорот ги пронашле Грегор Кос и неговиот син Јернеј во својот двор, објави хрватски „Индекс“.

Метеорот експлодирал над Хрватска и Словенија на 28 февруари, кога се слушнала силна бучава во Загреб и неговите околини, како и во другите делови на Хрватска.

Метеорот експлодирал 34,5 километри над земјата и влегол во атмосферата со брзина од 21 км / с.

фото: Prlekija

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *