Почина легендарниот шведски актер Макс фон Сидов

Макс фон Сидов, шведскиот актер кој имаше долга кариера со над 100 филма и серии, почина на 90 годишна воздраст.

Сидов е роден во богато семејство во Лунд на шведското крајбрежје како Карл Адолф фон Сидов, студирал на државната школа за драма пред да се запознае со Бергман во 1955. Заедно работеа на тетарски претстави, но брзо создадоа серија филмски класици кои им ги зацементираа кариерите. „Седмиот печат“ беше снимен истата година како и „Диви јагоди“, следеа „Раб на животот“, „Беснило“ и „Магионичарот“ во 1958, „Зимско светло“ (1963) и „Девствениот извор“ (1980).

Неговата најпозната улога беше во филмот „Седмиот печат“ (1957) во режија на Ингмар Бергман, во кој тој игра шах со Смртта. Исто така, тој глумеше и во филмот „Егзорцистот“ и во филмот на Вуди Ален – „Хана и нејзините сестри“ (1986).

Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга, продуцентката Кетрин Брелет.

– Со скршено срце и бесконечна тага го објавуваме заминувањето на Макс фон Сидов на 8 март 2020 година – изјави таа за „Париз Меч“.

фото: Sputnik – Sputnik News

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *