(ВИДЕО) Италијанците пејат од терасите додека се во карантин

Големината на еден народ се гледа кога во криза се сложни. Во Неапол среде кризата со корона вирусот се случи сцена што го топи срцето. Италијанците овој период ги живеат најтешките денови, но не дозволуваат тоа да влијае на нивниот дух.

Наместо со плач, тие кризните мигови ги минуваат со песна. Иако се во домашен карантин, не се предаваат и излезени на терасите пејат песни за да го подигнат расположението среде кризата со корона вирусот.

фото: DailyPost.gr

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *