Хрватска избра МИС Универзум, во празна сала и без бакнување

Новата Мис Универзум на Хрватска за 2020 година е 21-годишната Мирна Наија Мариќ од Задар. Жирито ја донесе одлуката во преносот во живо на ХРТ, па од вкупно 16 финалистки од цела Хрватска, ја избра шармантната Мирна Наја за најубава.

Првата придружничка е 22-годишната Дарија Матиќ од Сплит, а втората и Мис на симпатија е 19-годишната Андреа Ерјавец од Перушиќ.

Ова беше специфичен избор на Мис Универзум Хрватска затоа што се одржа без публика во салата, што е епидемиолошки препораки заради ширењето на коронавирусот.

фото: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *