(ВИДЕО) Терминаторот во самоизолација со пони и магаре, тој апелира:„Останете дома колку што е можно повеќе“

На кампањата за останување дома заради превенција од ширење на коронавирусот се приклучи и славниот актер Арнолд Шварценегер.

“Останете дома колку што е можно повеќе”, апелирал “Терминаторот” до луѓето за да се заштитат од коронавирусот.

Терминаторот одлучил да остане дома, во самоизолација, за да се заштити од коронавирусот.

Друштво во домашниот карантин му прават домашните миленичиња, пони и магаре.

“Останете дома колку е можно повеќе. Слушајте ги експертите, игнорирајте ги мороните. Ќе минеме низ ова заедно”, напишал Шварценегер.

Тој нагласил дека посебно старите луѓе не треба да излегуваат надвор, а своите миленичиња ги хранел со моркови и ги галел.

фото: Твитер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *