Српскиот фудбалер Лука Јовиќ ке стане татко.

По враќањето од Шпанија српскиот фудбалер и звездата на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ја избегнал потребната изолација по што се најде на удар во јавноста во Србија. Се покажа дека имал и добра причина за тоа – неговата девојка, манекенката Софија Милошевиќ на Инстаграм потврди дека е бремена.

Таа напиша на социјалната мрежа Инстаграм :


„Би сакале да ги споделиме среќните вести со вас, ќе добиеме бебе. Благодарна сум што Лука може да биде со мене во овој период. Не можев да замислам да сум без него во ова тешко време за целиот свет“

За младиот напаѓач ова ќе биде второ дете, откако со претходната девојка Анѓела Матијашевиќ го имаат 1-годишниот син Давид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *