Кајли Џенер со совети за изолација која ги применила за време на бременоста

Милијардерката Кајли Џенер вешто ја криеше својата бременост, а сега нуди совети за изолација.

Милијардерката на својот Инстаграм профил со своите фанови сподели факт дека оваа ситуација за неа не е ништо непознато.

„Мојата бременост ме подготви на ова. Домот не го напуштав со месеци. Не претерувам“, напиша Кајли на Инстаграм-стори.

После раѓањето на нејзината ќерка Сторми, Кајли објасни зошто се одлучила за изолација.

Жал ми е што ве држам во темнина со милиони претпоставки. Разбирам дека се навикнавте да ве носам на сите мои патувања. Мојата бременост избрав да биде нешто што нема да го правам пред светот. Знаев дека морам да се подготвам за оваа животна улога на најпозитивен и најздрав начин, без стрес. Знаев дека моето бебе ќе го чувствува секој стрес и секоја емоција, па избрав тоа да го направам за тој мал живот и за наша среќа.“

Сепак, денешната ситуација, која му се случува на целиот свет, Кајли и нејзината ќерка Сторми ја решаваат така што гедаат цртани филмови во нивниот дом.

„Го гледавме ‘Frozen 2’ по првпат, а јас се завртев да ѝ кажам дека ја сакам. Ѝ реков: ‘Сторми, те сакам. Ти ме сакаш мене?’ А, таа рече: ‘Пст, мамо.’ Бев во шок. Тоа порано никогаш не го направила“, откри Кајли, која е една од ретките на кои им одговара изолацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *