Почина Алберт Удерзо, творецот на Астерикс и Обеликс

Францускиот цртач на стрипови и автор на еден од најпродаваните стрипови на светот „Астерикс“, Алберт Удерцо, почина на 92 годишна возраст од срцев удар. Веста за неговата смрт ја пренесе неговиот зет Бернард.

Со околу 380 милиони продадени примероци на повеќе од 100 јазици и низа анимација и играни филмови произведени со текот на годините, Астерикс стана една од најпознатите меѓународно признати француски културни феномени.

Друг негов придонес во светот на стриповите е ликот Омпа-па Црвенокожецот, како и стрипот „Авантурите на Тангуи и Лавердур“ со белгискиот писател Жан-Мишел Шарлие – серија за борбените пилоти на француските Воздухопловни сили.

Син на италијанските имигранти, Удерцо почнал да скицира во детството. Неговата sвездена кариера во стрип индустријата ја прави уште поимпресивна фактот дека тој беше далтонист.

Неговата соработка со Гошини беше прекината со смртта на неговиот соработник во 1977 година. Удерцо почна да се повлекува од својата работа во 2009 година од здравствени причини, по што писателот Жан-Ив Фери и уметникот Дидие Конрад  станаа главните автори на серијата „Астерикс“ во 2013 година.

фото: TimesDaily.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *