Ријана со донација од 5 милиони долари за борба против коронавирусот

Пејачката Ријана преку својата фондација “Clara Lionel” донираше 5 милиони долари за борба против коронавирусот.

Фондацијата го носи името на нејзините баба и дедо. Ријана одлучила да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош. 

“Одговоривме на Ковид-19 со дистрибуција на 5 милиони долари за хуманитарните организации “Direct Relief”, “Feeding America”, “International Rescue Committee”, “WHO”, “Partners In Health” и Барбадос за опремување на заедниците со заштитна опрема, медицински потрепштини и храна во повеќе региони”, објавила фондацијата која Ријана ја основаше пред 8 години.

Една од целите е поддршка и финансирање на ефикасни образовни и здравствени програми и одговори на итните состојби ширум светот.

“Никогаш не било поважно и поитно да се заштитат и припремат маргинализираните и недоволно зачувани заедници и оние кои таа пандемија најтешко ќе ги погоди”, порачала извршната директорка на фондацијата “Justine Lucas”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *