Страсно се бакнувале на улица сопствениците на хитот „Senorita“

Камила Кабело и Шон Мендез биле фотографирани додека шетале по улиците на Мајами за време на пандемијата коронавирус.

Канадскиот музичар Шон Мендез (21) и неговата девојка, кубанско-американската пејачка Камила Кабело (23) биле фотографирани додека разменувале нежности во текот на паузата од самоизолацијата по улиците на Мајами.

Тие двајца се заедно речиси една година, а сега докажале дека во нивната врска сè уште има страст.

Згодниот пејач донираше 175.000 долари во фондацијата „SickKids“, за да се опремат со потребната медицинска опрема поради борбата со коронавирусот.

Во лондонско интервју, кубанската убавица изјавила:

„Да се биде заљубен е чувство кое што те исполнува и ти ја одзема цела инспирација“ – одговорила кога ја прашале кога со своето момче планира да направи друг хит.

„Не можеме дури да појдеме ни до студио, се обидуваме да се смириме малку“ – заклучила таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *