Елон Муск ја отвори повторно гигантската работилница на Тесла во New York за производство на вентилатори

Ќе сториме се што е во наша моќ да им помогниме на граѓаните на New York


Откако објави дека Тесла ќе испрати 250.000 N95 маски и ќе ги посвети своите ресурси на производство на вентилатори за болници, Елон Муск објави дека фабриката во New York на компанијата ќе се отвори повторно за производство на вентилатори за пациенти со КОВИД-19. Тесла првично ja затвори гигафакторијата во New York , Бафало поради наредбите за заклучување.


Бидејќи болниците имаат огромна потреба од вентилатори за лекување на болеста, Муск рече дека фабриката ќе започне одново за да има поголема достапност. „Гига New York ќе се отвори за производство на вентилатори што е можно поскоро човечки“, објасни тој во средата. „Ќе сториме сé што е во наша моќ да им помогнеме на граѓаните на New York“. Гувернерот на New York, Ендру Куомо неодамна ја критикуваше Федералната агенција за управување со вонредни состојби за испраќање на над 400 вентилатори, кога на државата ќе му требаат 30.000.


„Оствари добар напредок“, продолжи Моск. „Ќе направиме се што е потребно за да помогнеме во овие тешки времиња“. Неговиот одговор дојде откако извршниот директор на „Medtronic“, Омар Ишрак, изјави за CNBC дека компанијата за медицински уреди работи со „Тесла“ за производство на вентилатори во фабриката во Фремонт, Калифорнија. „Тесла“ е една од неколкуте технолошки компании што обезбедува медицински материјали во САД, во услови на недостиг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *