Пејачката Пинк се опила во самоизолација, па го споделила ова видео со фановите

View this post on Instagram

Quarantine diaries

A post shared by P!NK (@pink) on

Популарната пејачка Пинк поради пандемијата на коронавирусот се наоѓа во својот дом, а признава дека ѝ е здодевно. Сепак таа здодевноста решила да ја замени со чашка алкохол, но очигледно дека се напила малку повеќе…

На Инстаграм објавила видео каде што ја покажала новата фризура, а нагласила и дека во текот на самоизолацијата опивањето за неа станало спорт.

„Кога пијам, ми се раѓаат прекрасни идеи. Синоќа се сетив дека би можела да се потстрижам“ – изјавила Пинк.

Пејачката потоа ја покажала својата нова фризура која што дотогаш ја имала покриено со капа. На некои делови од главата воопшто нема коса, додека некаде имала дупки, но таа сепак изгледа задоволно.

Додала и дека во текот на вечерта се обидела да ја поправи таа штета и им порачала на сите да останат во своите домови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *