Принцот Чарлс првпат откако е откриено дека е заразен од коронавирусот се ‘појави’ во јавноста

Принцот Чарлс се огласи првпат откако му е дијагностициран коронавирус.

Објавена е снимка на која виртуелно им се придружил на стотици луѓе ширум Британија кои аплаудирале во чест на медицинските работници.

Снимката на која Чарлс и Камила (одвоени еден од друг) аплаудираат беше објавена на нивниот службен профил.

Принцот (71) засега има само благи симптоми и се чувствува добро, рекол неговиот портпарол. Неговата сопруга е тестирана и не е заразена. Чарлс и сопругата Камила сега се во самоизолација во дворецот Балморал.

На медицинарите им аплаудирале и нивните внуци, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *