Сексапилниот актер го покажа своето мускулесто тело

36-годишниот Крис Хемсворт, еден од најсексапилните актери на светот го покажал мускулестото тело додека бил на сурфање во Австралија.

Инаку Хемсворт обожува да сурфа, а папараците го фотографирале додека разговарал со своите пријатели. Особено внимание привлекле неговите стомачни мускули и гради. 

Тој кон крајот на минатата година откри и какви се неговите планови за актерската кариера. Имено, славниот татко на три деца планира да направи пауза од снимањата за да се одмори и да има повеќе време за семејството.

Ѕвездата на “Thor” тогаш рече дека ќе мирува 6 месеци, но тоа беше пред да започнат проблемите во светот поради коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *