Близнаци со име Ковид и Корона

Пандемијата на коронавирусот во светот на луѓето не им донесе ништо убаво, но за младите родители од Раипур, централна Индија, им донесе близнаци кои одлучиле за време на пандемијата да ги наречат Ковид и Корона.

Мајката Прити Верма (27) за „Hindustan Times“ открила дека тие имиња ги избрале за да ги потсетуваат на тешките околности во кои добиле две здрави деца. Сепак, додале дека можеби ќе ја променат одлуката.

„Благословена сум со близнаци, девојче и момче, утрото на 27-ми март. Засега ги крстивме Корона и Ковид. Ги родив во тешки околности, па јас и сопругот сакавме тој ден да остане запаметен. Кога медицинскиот персонал почна така да ги нарекува одлучивме да им дадеме имиња според пандемијата“, рекла Прити.

„Доцна навечер почнаа породилните болки. Не знам како мојот сопруг успеа да се снајде за брзата помош да дојде по нас. Поради изолацијата е забрането движење и полицијата неколкупати нè запре, но нè пушти да продолжиме поради мојата состојба. Не знаев што ќе нè дочека во болница, со оглед дека веќе беше полноќ, но лекарите и сестрите беа многу професионални“, раскажала мајката.

Портпаролката на болницата, Шубра Сајн, за медиумите открила дека мајката и бебињата се во добра состојба и се пуштени дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *