Претседателката на Европската комисија: Не би ги советувала граѓаните да планираат летен одмор

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека поради коронавирусот граѓаните треба да почекаат со планирањето на летниот одмор.

„Би ве советувала да почекате со таквите планови. Во моментов никој не може да направи сигурни прогнози за јули и август“, рече Фон дер Лајен во интервју за германски „Билд“.

Таа е скептична во врска со одлуката на германската влада на клиентите за патувањата кои се откажани поради пандемијата, да им се издаваат ваучери во вредност на платениот аранжман.

„Низ цела Европа, луѓето, правно гледано, имаат можност да изберат дали сакаат враќање на парите или да им дадат ваучери“, објасни Фон дер Лајен.

Сепак, таа ги повика клиентите на туристичките агенции, кои немаат финансиски проблеми, да се откажат од своето право.

„Во оваа криза потребна е солидарност од сите. Ако некој е финансиски способен да не бара поврат, туку да земе ваучер, тогаш тоа би било добро за туристичките агенции за да ги надминат овие тешки недели“, порача претседателката на ЕК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *