„Чувствував како некој да ми забил нож во мозокот“ вирално видео на TikTok покажува како изгледа тестирање на коронавирус

Корисничката со назив @shelfboi на социјалната мрежа TikTok објавила видео на кое се гледа како изгледа тестирањето на коронавирусот.

Видеото станало вирално и досега е прегледано над милион пати.

На снимката се гледа како Шелби оди да се тестира во “драјв тру“, центарот за тестрање, а кога ќе стигне таму, медицинската сестра набрина ѝ зема брис од носот низ прозорецот на автомобилот.

Медицинската сестра неколку секунди го врти долгото медицинско стапче во носната празнина на тинејџерката за да земе примерок кој ќе го испрати на анализа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *