Следете го правилото од шест минути за да го направите сексот попријатен

Поголемиот дел од луѓето признале дека сакаат ‘акција’ пред и по водењето љубов, а постои и магичен број за максимално задоволство – 6.

Станува збор за т.н. 6-минутно правило, се наведува во истражувањето кое што го спровеле од компанјата „Тројан“ и непрофитната организација „Sex Information and Education Souncil of Canada“.

Во ова истражување биле опфатени 1.500 Канаѓани на возраст од 18-24 години, а истото покажало дека оние кои што потрошиле шест или пак повеќе минути на предигра, односно на допирање, бакнување прегратки при водењето љубов, биле многу позадоволни од својот сексуален живот.

Но, интересно е тоа што повеќето од испитаниците биле мажи…

„Често забораваме на можноста која што доаѓа од поврзувањето по сексот. Ранливи сме, се чувствуваме опуштено, поврзано, така што ова е совршено време за тоа, а истото може да доведе до поголемо сексуално задоволство“ – објаснил Робин Милихаусен, професор по сексуално образование при Универзитетот во Гуелф.

Иако мажите признале дека се позадоволни доколку се придржуваат на 6-минутното правило, истражувањето покажало дека тие и без тоа ќе го достигнат својот врв, а поголем дел од жените нема.

„Овие податоци покажуваат дека луѓето треба да се чувствуваат како нивното тело да се почитува, особено по сексуалниот однос и дека постои обострано пријатно искуство“ – истакнал професорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *