Како Бојка тренира во карантин?

Скот Адкинс е британски инструктор по боречки вештини кој полека, но сигурно ја гради својата успешна холивудска кариера. Покрај тоа што глумеше во филмовите “Undisputed”, тој е одговорен за боречките кореографии на други познати филмови како што е франшизата “X-Men”.

Неговиот лик Јури Бојка е озлогласен затвореник кој е борец во затворски борби. За да се припреми за својата улога, Скот морал да пројде низ неверојатна физичка трансформација, а тоа го постигнал со тешки и напорни тренинзи. 

Адкинс е познавач на неколку различни боречки вештини и тој секојдневно напорно тренира за да ги усоврши своите удари и движења. Неговиот стил го карактеризираат чисти и флуидни движења со многу високи ножни удари, што го прави интересен за гледање.

Иако е актер во подем, Скот ѝ е најпознат на јавноста по улогата на Бојка. Тој е многу активен на социјалните мрежи и често им покажува на фановите на кој начин тренира и како се припрема за улогите, но поради новонастанатата ситуација со коронавирусот, Адкинс не може да тренира како претходно.

Меѓутоа, тој успеал да се снајде и го искористил скелето кое го имал во својот двор за да направи мини тренинг и им покажал на луѓето дека секогаш можат да тренираат без оглед на околностите и ситуацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *