Netflix серија: Луцифер (Lucifer)

Луцифер (Том Елис), на кој му здодеал животот во пеколот, отишол да живее во Лос Анџелес, но во ниту еден момент не помислил дека ќе ги користи своите способности за да им помага на луѓето. Тој има неверојатна моќ да ги извлече на површина најдлабоките и најлошите желби и мисли кај смртниците, без тие воопшто да знаат дека гласно ги изговараат. Токму таа способност ќе му овозможи соработка со полицијата, поточно со една мистериозна детективка која уште во првиот момент ќе го привлече неговото внимание.

Клои (Лорен Герман), детективката, изгледа е единствената имуна на моќите на Луцифер. Оваа нејзина способност ја прави исклучително фасцинантна во неговите очи, па токму затоа и тој ќе сака да биде во нејзина близина со цел да открие која е таа и што е тоа што ја прави толку посебна. Иако е искрен за своето потекло и без проблем ја признава својата бесмртност, Клои верува дека тој само се забавува и си игра со него, па логично и не му верува. Но, тоа не ја спречува да го побара за помош.

Станува збор за интересна и лесна за гледање ТВ серија која без сомнение ќе ве насмее и расположи. Таа е одлична за оние моменти кога едноставно ви е преку глава од сè, бидејќи ќе ве одведе во еден сосема различен свет каде дури ни законите на физиката не се онакви какви што сите ние сме навикнати да ги гледаме. Том Елис без сомнение одлично ја одигрува својата улога и со својот шарм за само неколку секунди ќе го освои вашето срце. Исто како и неговиот лик, Луцифер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *