Иранската Анџелина Џоли заразена од корона и завршила на респираторна машина

Сахар Табар од Иран, позната како зомби Анџелина Џоли, завршила во болница на респираторна машина откако во иранскиот затвор се заразила со коронавирус, пренесува Дејли Меил.

Табар завршила во затвор поради своите активности на Инстаграм. Ја обвиниле за богохулење, поттикнување на млади кон корупција, незаконско стекнување имот и непочитување на кодексот за облекување.

Стана популарна на социјалните мрежи откако нејзините фотографии го обиколија светот. Табар, чие вистинско име е Фатемех Кхишванд, направила многу пластични операции за да личи на славната актерка, но наместо тоа, луѓето почнале да ја споредуваат со мрвата невеста Тим Бартон. Подоцна Табар тврдеше дека нејзиниот изглед не е резултат на операции, туку шминка и уредување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *