Дејвид Гета настапи од Мајами, го слушаа милиони фанови ширум светот

Дејвид Гета вчера одржа концерт од Мајами кој онлајн можеше да го следи целиот свет.

Најпознатиот светски диџеј пушташе музика од врвот на својата зграда, а неговиот двочасовен спектакл го проследија повеќе од 6 милиони луѓе преку Фејсбук и повеќе од 300.000 на Јутјуб. Концертот беше со хуманитарен карактер – Гета ги повика гледачите да донираат за борба против коронавирусот, а за секој дониран долар тој ќе донира уште еден. 

Овој концертен спектакл воодушеви многумина, но не и полицијата на Мајами. Имено, иако концертот се пренесуваше во живо за сите да можат да го следат од своите домови, некои не одолеаја, а да не се соберат пред зградата од која настапувал Дејвид, за во живо да можат да уживаат во овој историски настан.

Повеќе од 200 лица се собрале за во живо да можат да го слушаат Гета, а многумина од нив не ги почитувале мерките на претпазливост за безбедно растојание, по што морала да интервенира полицијата. Сепак, полицајците велат дека сите соработувале и дека немало никакви инциденти.

Во текот на стримот биле собрани повеќе од 600.000 долари кои ќе бидат донирани за Светската здравствена организација како и за организациите Feeding America, Feeding South Florida и Fondation Hôpitaux de Paris-Hôpitaux de France.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *