Почина еден од креаторите на „Том и Џери“

Режисерот на цртаните филмови „Том и Џери“ и „Попај морнарот“  – Џин Дич почина на 95-годишна возраст во неговиот стан во четвртокот вечерта. Тажната вест ја потврди неговиот чешки издавач Петр Химл, кој изјави дека неговата смрт е ненадејна.

Дејч работел и на такви анимирани филмови како „Хобит“, „Алиса во Париз“, „Силвестер и волшебниот кристал“ и „Блуфонци“.

Тој во Чешка живеел од 1959 година откако таму се оженил, и практично работел на американски анимирани филмови наоѓајќи се зад „железната завеса“, кога земјата беше позната како Чехословачка.

Дејч во 2003 година добил награда „Ени“ за живетон влог во уметноста на анимираните филмови.

фото: Telegraf

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *