Почина продуцентот на цртаниот филм Том и Џери, добитник на 7 Оскари

Веста дека починал Џин Дич, добитник на Оскар за анимација, продуцент и илустратор на некои од најсаканите цртани филмови како Том и Џери и Попај, го обиколи целиот свет.

Многумина биле растажени од оваа вест бидејќи многу генерации пораснале покрај цртаните филмови кои токму Дич ги потпишувал. 

Цртаниот серијал “Том и Џери” освоил повеќе награди на Академијата отколку било која друга анимирана серија.

Покрај овие цртани филмови пораснале многу генерации, а и многу допрва ќе растат. Цртаниот филм за Том и Џери освоил седум Оскари, а бил номиниран вкупно 13. Првата номинација ја добил во 1943-та година.

Цртаната серија не само што предизвикувала смеа кај публиката на сите возрасти, раскажувајќи ја приказната за двата главни ликови кои никогаш не се согласувале, туку и ги освојувала и најпрестижните награди.

Првата епизода била прикажана во 1940-та година, а пред вас е листата на епизоди кои кои освоиле Оскар:

1. The Yankee Doodle Mouse (1943)

2.  Mouse Trouble (1944)

3. Quiet Please! (1945)

Иако Том и Џери е најнаградуваниот цртан филм во историјата, Оскар освоиле и овие цртани филмови:

Three Little Pigs (1933)

Ferdinand the Bull (1938)

Speedy Gonzales (1955)

Pink Panther (1964)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *