Предлогот за изгледот на плажите во Италија

Лука Заја, гувернерот на италијанската регија Венето го одбил предлогот на една италијанска компанија на плажите да се постават кабини од плексиглас, со цел посетителите да се заштитат од коронавирус.

“Идејата за кабините од плексиглас на плажите е вознемирувачка”, одлучно го отфрлил Заја предлогот за таков вид заштита од коронавирус на италијанските плажи за да се спаси туристичката сезона. 

“Замислете одење на плажа под чадор, во кутија од плексиглас во која речиси и да нема воздух”, рекол гувернерот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Заја сепак смета дека наредната летна сезона на италијанските плажи нема целосно да пропадне.

“Не мислам дека ќе дојде до катастрофа во туризмот. Туризмот е на колена, пати, но многу оператори не потклекнаа. Постои надеж”, додал тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *