Милијардерите поради Корона вирусот бараат приватни острови

Додека многумина во текот на карантинот сонуваат за куќи со двор, милијардерите бараат приватни острови на кои бараат прибежиште во текот на смртоносната пандемија на коронавирусот.

Милијардерите кои се затворени во своите апартмани сега сакаат да купуваат приватни острови. Побарувачката за приватни острови, според зборовите на Џон Кристи, агент во агенцијата HG Christie, во последните шест недели пораснала за четири пати. 

“Истата работа се случи и по терористичките напади во САД на 11-ти септември 2001-ва година. Луѓето беа исплашени и бараа безбедно прибежиште. Во овој момент сите сопственици на приватни острови престојуваат на нив и планираат да останат таму до крајот на пандемијата, додека претходно таму минуваа по 2 месеци годишно”, рекол Кристи.

Свој приватен остров има и милијардерот Ричард Брансон, кој го понудил на продажба за да го спаси својот бизнис погоден од пандемијата.

Станува збор за карипскиот остров Некер кој вреди 150 милиони евра. Инаку, островот се изнајмува, а една вечер таму чини околу 122.000 долари. На островот е изградена голема куќа во која може да спијат 30 луѓе, а има поглед на океанот и островите.

Куќата била уништена во пожар во 2011-та година. По реконструкцијата повторно била отворена во 2013-та.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *