(ФОТО) Охриѓанец со неверојатен талент – запознајте го Марио Шапкар кој на сликите со молив им дава живост

Охриѓанец со неверојатен талент. Марио Шапкар уште од малечок, ужива во цртањето. Со тек на време неговата најголема страст – спојот на моливот и хартијата станува негово секојдневие. Сите негови цртежи се изработени само со молив.

Станува збор за исклучителен талент и огромна посветеност на неговата работа. Неговите портрети на богатите и славните се екстремно верни на оригиналот, така што секој што ќе ги погледне несомнено ќе подзастане за да се увери дека се навистина цртежи, а не реални фотографии.

Најважното од сè, е тоа што уметникот има внесено живот во овие лица, давајќи им душа и карактер.

Lifestyle: Марио, може ли да ни откриеш кога го нацрта твојот прв портрет и кој беше тоа?

Марио Шапкар: Со почнувањето на средното образование, почнав да цртам портрети од членови на мојата фамилија, тогаш всушност го открив својот талент и се насочив кон усовршување и константно вежбање кое ми носи големо задоволство.

Lifestyle: Велат дека времето брзо поминува кога го правиш тоа што сакаш. Колку време ти е потребно за да нацрташ портрет?

Марио Шапкар: Како и секоја друга работа, така и цртањето бара голем труд и максимална концентрација. За цртање на еден портрет потребни ми се неколку денови, во зависност од деталите на самата слика.

Lifestyle: Дали е полесно да гледаш од фотографија или знаеш да седнеш некој твој близок да ти позира?

Марио Шапкар: Околу тоа прашање секој уметник има различни преференции, но според мене подобро е преку слика.

Lifestyle: Омилен лик позната фаца, која си ја нартал повеќе пати?

Марио Шапкар: Сум цртал личности од музичката, а исто така и од филмската сцена, но Анџелина Џоли е сепак онаа која сум ја нацртал повеќе пати, заради специфичниот изглед.

Lifestyle: Дали црташ само со молив, или сакаш да си поигруваш и со бои?

Марио Шапкар: Засега цртам исклучиво само со молив, но во иднина планирам да ја пробам техниката со акварел бои.

Lifestyle: Имаш ли желба да ти позира некој познат глумец, фудбалер, политичар. Кој е  тоа …

Марио Шапкар:  За која и позната личност да станува збор, ми претставува огромно задоволство да ја нацртам.

Lifestyle: Што работиш во моментов, дали твојата професија е поврзана со уметност?

Марио Шапкар: Во моментот ништо не работам од причина што сеуште сум средношколец, но во иднина планирам да го работам тоа што навистина ме исполнува, а тоа секако е – цртањето.

Lifestyle: Талентот е нешто што го имаш во себе. Има ли некој во твоето семејство кој убаво црта? Од кого си го „украдил“ талентот?

Марио Шапкар: Од мојата фамилија никој не се занимава со тоа, па се надевам дека јас ќе сум првиот.

Lifestyle: Среќен ли си во Охрид. Дали би останал да живееш и работиш тука?

Марио Шапкар:  Јас го сакам Охрид, родниот град, би сакал остатокот од животот да го поминам тука, но никогаш не се знае што носи животот.

Фото: Марио Шапкар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *