Двојничката на Џеј Ло е бодибилдер

Џенис Гареј или, како што ја знаат повеќето, Џеј од Хјустон е бодибилдерка која премногу наликува на Џенифер Лопез.

Џеј од Хјустон првпат го привлекла вниманието на јавноста уште во 2017-та, кога некој инстаграмџија ја воочил сличноста помеѓу неа и пејачката.

„Тоа беа само обични селфиња фотки што ги направив во тоалетот и луѓето почнаа да претпоставуваат дека јас сум Џенифер Лопез“, вели Џеј од Хјустон.

Интересно е што двете жени не самo што имаат исти црти на лицето, туку и нивните тела се речиси идентични. Џеј Ло редовно се фали со мускулестото тело на социјалните мрежи, а истото го прави и Џенис.

Џенис се има и шегувано за сличноста со пејачката, изјавувајќи дека ако Џеј Ло и Двејн Џонсон би имале дете, сигурно ќе изгледа ако неа.

Истовремено, на Џенис ѝ годела споредбата бидејќи, како што вели самата, Џеј Ло е нејзин идол и отсекогаш ѝ се восхитувала.

View this post on Instagram

TBT 💕

A post shared by J A Y F R O M H O U S T O N (@jayfromhouston) on

Иако Џенис вистински ја цени Џеј Ло, не сака да остане запомнета само како нејзина двојничка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *