На 18 години поради рак го изгубил едниот тестис, а сега ќе стане татко

По операцијата и хемотерапијата мислел дека нема иднина, сѐ додека не ја запознал прекрасната Морган.

Кога Декстер Гурни-Падик (25) од Оксфорд имал 18 години му бил дијагностициран рак на тестис. Тој имал операција за отстранување на десниот тестис, а потоа минал и низ хемотерапија.

„Кога завршив со целата процедура на лекување, тоа беше најдоброто чувство на светот, но од друга страна си го зема данокот и менталното здравје почна да ми страда, имав негативни мисли и константно чувствував страв и загриженост дали болеста ќе ми се врати и ќе умрам, но тоа се промени кога ја запознав Морган“, изјави Декстер.

Морган Бигс (23) му помогнала да сфати дека тој има иднина, била трпелива со него, стапиле во врска и почнале да планираат и семејство.

Хемотерапијата понекогаш може да влијае врз плодноста, па Декстер бил пресреќен кога успеале да зачнат дете. Морган треба да се породи во септември.

„Таа е полна со разбирање и знае како да ме поткрене кога сум нерасположен. Убава е и однадвор и однатре“, вели Декстер за својата избраничка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *