Карантинска забава на покрив со DJ Babura Junior во Skopje City Mall – следете во живо (видео)

DJ Babura Junior денес (25.04) во Skopje City Mall на покривот прави забава од 19:30 до 21:30 часот.

Музичкиот настан има за цел да се приклучите и вие од Вашите домови – тераси и да бидете дел од „Звуците на урбан Карпош“, доколку живеете во таа населба.

Два часа ќе има диско хитови и ретро македонска и странска музика.

Настанот оди live на Facebook страницата на Skopje City Mall.

Нивната порака е: „Covid-19 не затвори во нашите домови, но никој не може да го спречи позитивниот дух, енергија и музика. Заедно да уживаме.“

Настанот следете го ТУКА!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *