17 прашања што можете да му ги поставите на партнерот

Ако го минувате карантинот со партнерот, на почетокот сигурно ви било забавно – имате повеќе време за вас двајцата и можете да уживате во секакви активности.

Овие прашања ќе ви помогнат да се запознаете подобро, но и да најдете навистина интересни теми за разговор. Најважното е што сигурно и двајцата вистински ќе се забавувате.

1. Ако можеш да имаш една супермоќ, која би ја одбрал/а?

2. Што би направил/а ако сега добиеш еден милион долари?

3. Дали веруваш дека сè се случува со причина?

4. Ако можеш да ѝ напишеш писмо на својата помлада верзија, што ќе ѝ кажеш?

5. Има ли нешто што сакаш да го направиш, но си немал/а можност за тоа?

6. Ако можеш да промениш едно нешто од твоето детство, што би било тоа?

7. Кога последен пат плачеше?

8. Ако сега можеш да отидеш каде било во светот, каде би отишол/ла?

9. Кога сфати дека си вљубен/а во мене?

10. Кое ти е омиленото нешто кај мене?

11. Ако можеш да одиш на вечера со една личност, кого би одбрал/а?

12. Има ли нешто што никој не го знае за тебе? Што е тоа?

13. Кога си бил/а најранлив/а во нашата врска?

14. Кое е највредното нешто што го научи од бившиот партнер?

15. Ако има пожар, кои се трите нешта што би ги спасил/а од домот?

16. Што е првото нешто што ќе го направиш откако ќе заврши карантинот?

17. На кое твое достигнување си најгорд/а?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *