Симбол на моќ, престиж и луксуз – како изгледал „Синиот воз“ на Тито? (фото)

Титовиот „Син воз“ е произведен во 1959 година, во фабриката за шински возила „Гоша“ во Смедеревска Паланка и во фабриката за вагони „Борис Кидрич“ во Марибор.

Името било инспирирано сосема логично од сината боја во којашто е обоен, а се разликувал од другите стандардни возови во тоа време, главно во зелена боја кои биле дел од Југословенската железница.

Синиот воз го сочинувале вкупно 18 вагони – 10 како дел на „Главниот воз“ и уште 8 вагони во состав на „Првиот воз“.

Овој воз го носи епитетот „салонски“. Изобилувал со луксуз и комфор, проектиран како целина за престој и сите протоколарни активности на некогашниот претседател на некогашната СФРЈ. Претседателот Јосип Броз Тито во „Синиот воз“ пречекал повеќе од 60 светски државници.

Фотките објавени на профилот Made in Yugoslavia на Инстаграм нудат детална прошетка низ овој симбол на моќта и престижот на шини.

Денес, Синиот воз се користи за комерцијални цели, а секој којшто има желба да го искуси луксузот од минатото може да замине на југоносталгично патување.

Како изгледал омилениот воз на Тито?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *