8 секс игри за дома

Од игра на контрола до ден за голотија, идеи како да ја вратите изгубената сексуална страст.

Кога ќе ви здодее од гледање телевизија, јадење и чистење дома, може да си направите забава со некои секси игри.

Идеи како да се забавувате со партнерот дома:

„Контролирај ме“

Дадете му комплетна контрола на партнерот врз себе и слушајте ги неговите секс „заповеди“.

Се разбира, договорете и збор кој ќе го означува прекинот на играта, ако работите се движат во насока што не ви се допаѓа.

Исполнување на фантазии

Дадете си половина час за да ги запишете вашите најдлабоки секс фантазии што не сте си ги споделиле досега на бели ливчиња. Вашите ставете ги во еден сад, а неговите во друг и потоа наизменично влечете, па ако сте комфорни околу одредена фантазија двајцата исполнете си ја.

За комплетна забава додадете шише вино и запалете свеќи. Најважно во оваа игра е што дури и да не си ги исполните фантазиите, ќе се запознаете на едно поинтимно ниво.

Ден за голотија

Доколку имате услови за ваква игра, тогаш минете комплетно голи цел ден и исполнувајте задачи од секојдневието.

Без разлика дали станува збор за готвење или за садење цвеќиња, бидете голи цело време, ова ќе ја зголеми сексуалната тензија меѓу вас, ќе направи да си ги цените телата и на крај најверојатно ќе заврши со секс.

Карти на соблекување

Без разлика дали ќе биде покер на соблекување или некоја друга игра со карти во која губитникот треба да соблече парче облека од себе, сигурно ќе биде забавно.

Фрлање коцка

На лист напишете задача за секој број од коцката. Од бакнеж до еротска масажа, а потоа фрлете се на вртење со коцката и исполнување на задачите.

Будење на сетилата

Врзете му ги очите на партнерот, кажете му да легне и со пердув минувајте по неговото голо тело. Може да додаете чоколаден прелив.

Правилото е дека не смеете да си ги допирате гениталиите. Колку време ќе издржите?

Вистина или предизвик

Предизвикот може да биде партнерот да мастурбира пред вас на пример или пак да копирате секс сцена од некој филм. А и вистината нека биде со прашања околу сексот.

Игра на одбројување

Предизвикајте се кој може побрзо да направи партнерот да доживее оргазам, без разлика дали тоа е со рака или орално. Мерете на часовник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *