„Го прашав на шега и прифати“ – Искуства од жени кои се охрабриле да ги запросат момчињата

Вистинска реткост е да видите како некоја жена го запросува своето момче. Поради некоја причина, сè уште сме убедени дека ова е работа на мажот.

Но, правилата се менуваат и иако можеби се малку, некои жени се осмелуваат тие да го постават важното прашање.

Во продолжение прочитајте ги приказните на неколку жени кои ги запросиле нивните момчиња:

„Направив потрага по богатство за моето момче и штом стигна до крајот, му дадов плико. Внатре имаше слика што ја направив во MS Paint, на која пишуваше ‘Дилан освои вереничка’. Изгледаше навистина збунет, сè додека не му го покажав прстенот. Рече да!“

jas-prva-go-postaviv-prashanjeto-zheni-spodeluvaat-kako-go-zaprosile-svojot-soprug-05.jpg

„Купив паричка на која пишува ‘Ќе се ожениш ли со мене’ и цела година ја чував во паричникот. Со момчето купуваме парички каде и да одиме, па ова има симболика. Резервирав во ресторан во Дизниленд за да ја прославиме третата годишнина. Му реков на келнерот да ја донесе паричката во десертот и момчето кажа да! Потоа ми кажа дека планирал да ме запроси следниот месец.“

„Го направив ова бидејќи знаев дека сме подготвени за следниот чекор и сакав да му покажам на партнерот дека без сомнеж сакам да бидеме заедно. После 18 години познанство и 6 години врска, бев подготвена да го поставам прашањето. Првиот состанок ни беше во зоолошката во 2012-та, па решив да го запросам таму. Неговото семејство и пријателите се криеја, па кога клекнав се појавија и тој рече да.“

jas-prva-go-postaviv-prashanjeto-zheni-spodeluvaat-kako-go-zaprosile-svojot-soprug-04.jpg

„Го запросив сопругот пред 14 години. Бевме возрасни студенти (двајцата се вративме на факултет во нашите 30-ти). Отидовме во нашиот омилен ресторан и им реков на келнерите да го донесат прстенот со десертот. Клекнав на едно колено и тој рече да!“

„Го запросив сопругот пред 32 години. Никогаш не сум сонувала за голема венчавка и свадбата не ми значи ништо, па само му реков ‘Заедно сме 4 години, дали сакаш да се венчаме?’ На почетокот беше малку исплашен, но ми рече да.“

jas-prva-go-postaviv-prashanjeto-zheni-spodeluvaat-kako-go-zaprosile-svojot-soprug-02.jpg

„Не планирав да го запросам, но прашањето ми излета сред разговор. Рече да, а потоа излезе да им каже на пријателите. Кога се врати, ми рече дека треба да го направиме запросувањето правилно. Бидејќи не знаевме кој треба да клекне, и двајцата го направивме тоа и се запросивме во исто време.“

„Мајка ми го погледна татко ми и му рече ‘Треба ли да се венчаме?’ Татко ми, кој веќе имаше 4 деца, куќа и куче со неа, само ја погледна и рече ‘Секако, слушам дека има многу бенефиции’.

„Го запросив на Денот на вљубените со пица. Ги замолив од пицеријата да напишат на кутијата ‘Ќе се ожениш ли за мене’. Се смееше 20 секунди пред да ми рече да.“

jas-prva-go-postaviv-prashanjeto-zheni-spodeluvaat-kako-go-zaprosile-svojot-soprug-03.jpg

„Работевме во иста продавница и беше убаво. Еднаш додека ги редевме полиците се свртев и го прашав дали сака да се венчаме. Ме рече да, и се венчавме истата година. Годинава ќе ја прославиме седмата годишнина.“

„Лежевме во креветот и на шега му реков ‘Ајде ожени се за мене’. Ме праша дали сум сериозна и потоа ми рече да. Оваа зима ќе ја славиме четвртата годишнина.“

Па, девојки, дали би собрале доволно храброст да го запросите вашето момче?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *