„Имав 5 спонтани абортуси, бев депресивна, но не се откажав“

„Моите абортуси направија да се чувствувам како комплетен неуспех како жена, како да не можам да го направам тоа што треба да го направам“, изјави таа.

Даниел Вилсон по 5 спонтани абортуси паднала во депресија и очајно се обидувала да ја открие причината зошто ѝ се случува тоа.

Сѐ ѝ изгледало безнадежно, но не се откажала и тогаш се случило чудо и ја добила својата ќеркичка Џорџија.

Таа се родила на 16-ти март и направила сета борба и болка на Даниел да вредат.

Првиот спонтан абортус Даниел го имала во март 2016 година на 6 недели од бременоста, а веќе во октомври 2016 ѝ се случил вториот, а најтешко од сѐ е што немало соодветно медицинско објаснување зошто се случило тоа.

„Моите абортуси направија да се чувствувам како комплетен неуспех како жена, како да не можам да го направам тоа што треба да го направам“, изјави таа.

Таа ги направила сите можни тестови и ги применила сите совети од докторите и за неа било вистинско чудо кога го слушнала срцебиењето на бебето во нејзиниот стомак.

Денес, Даниел е горда мајка и им порачува на сите жени со ваков проблем да не се откажуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *