Го штити угледот на диктаторот, се плашат од неа – Што знаеме за сестрата на Ким Џонг-Ун, која може да го наследи?

Гласините дека севернокорејскиот лидер можеби починал, натераа многумина да мислат дека неговата сестра е неговиот наследник и со тоа постои можност таа да стане првиот женски диктатор во светот.

go-shtiti-ugledot-na-diktatorot-se-plashat-od-nea-shto-znaeme-za-sestrata-na-kim-djong-un-koja-mozhe-da-go-nasledi-001.jpg

Иако нема официјални информации за состојбата на контроверзниот диктатор, по гласините за неговата операција и лошата состојба, шпекулациите за неговата можна смрт не престануваат.

Голем број експерти ја ставаат неговата сестра, Ким Јо-Џонг како иден „наследник на тронот“, со оглед на тоа дека му била еден од најблиските советници.

Па, која е Ким Јо-Џонг и што знаеме за неа, со оглед на тоа што животот на севернокорејските лидери се чува во голема тајност?

Ким Јо-Џонг е најмладата сестра на севернокорејскиот лидер и единствено женско дете на Ким Џонг-ил.

shto-znaeme-za-sestrata-na-kim-djong-un-koja-mozhe-da-go-nasledi-02.jpg

Изворите не се сигурни за нејзината возраст, но се претпоставува дека има околу 30 години и наводно е родена на 26-ти септември, 1989, но некои јужнокорејски разузнавачи тврдат дека е родена во 1987-ма.

shto-znaeme-za-sestrata-na-kim-djong-un-koja-mozhe-da-go-nasledi-08.jpeg

Одела во училиште во Берн, Швајцарија, заедно со нејзиниот постар брат Ким Џонг-Ун.

Откако се вратила, околу 2000-та или 2001, се верува дека студирала компјутерски науки во Пјонгјанг.

shto-znaeme-za-sestrata-na-kim-djong-un-koja-mozhe-da-go-nasledi-10.png

Според некои извори, била многу блиска со нејзиниот татко и тој бил горд кога таа пројавила интерес за политика.

shto-znaeme-za-sestrata-na-kim-djong-un-koja-mozhe-da-go-nasledi-03.jpg

Откако завршила студии, работела во Комисијата за национална безбедност и во личниот секретаријат на Џонг-ил.

shto-znaeme-za-sestrata-na-kim-djong-un-koja-mozhe-da-go-nasledi-002.jpg

Нејзиното прво јавно појавување било на фотосесија на учесниците на третата конференција на Работничката партија на Кореја во септември 2010 година, а потоа во декември 2011 на погребот на нејзиниот татко.

shto-znaeme-za-sestrata-na-kim-djong-un-koja-mozhe-da-go-nasledi-07.jpg

Била обучувана од нејзината тетка, а кога таа ја напуштила политиката, Ким Јо ја наследила во партијата и нејзина главна улога била да го штити и промовира угледот на нејзиниот брат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *