Репортер се појави на ТВ шоу од дома без панталони – не знаел дека сите ќе го видат тоа (видео)

На прв поглед, репортерот изгледа сосема во ред, скоцкан во кошула и сако, но кога подобро ќе погледнеме, тој си седи дома без панталони, не знаејќи дека сите ќе можат да го видат тоа на екран.

Репортерот Вил Рив се појави на „Good Morning America“ додека известуваше од дома, но во одреден момент камерата откри нешто за што очигледно не бил свесен.

Тој се облекол во кошула и сако, но си останал без панталони мислејќи дека никој нема да забележи, односно дека камерата нема да го улови тој дел.

Твитерџиите веднаш ја раширија вирално фотката, но и тој самиот се пошегува на негова сметка:

Изгледа не е лесно да си камерман и да известуваш од дома истовремено – внимавајте како се појавувате пред камера! 😂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *